Финишира првата фаза од хидросистемот Злетовица

Bez autora
Oct 26 2010

За десетина дена финишира првата фаза од реализацијата на еден од најголемите проекти во земјава наменети за чиста и квалитетна вода за пиење - хидросистемот Злетовица. Со тоа, оваа капитална инвестиција вредна околу 100 милиони евра, Владата успеа да ја реализира за четири години. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, со заокружувањето на првата фаза се овозможува простор за старт и на втората фаза којашто е наменета за наводнување. Дополнително на системот Злетовица се изградени уште 75 километри цевковод во делот на општините Свети Николе, Штип, Лозово, Карбинци, Пробиштип, Кратово со цел да се направат пречистителни станици. Во Министерството за финансии се предвидени средства за оваа намена со што ќе се надгради пречистителната станица во Штип која ќе ги задоволи потребите на општина Карбинци.

Финишира првата фаза од хидросистемот ЗлетовицаЗа десетина дена финишира првата фаза од реализацијата на еден од најголемите проекти во земјава наменети за чиста и квалитетна вода за пиење - хидросистемот Злетовица.

Со тоа, оваа капитална инвестиција вредна околу 100 милиони евра, Владата успеа да ја реализира за четири години. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, со заокружувањето на првата фаза се овозможува простор за старт и на втората фаза којашто е наменета за наводнување.

- Дополнително на системот Злетовица се изградени уште 75 километри цевковод во делот на општините Свети Николе, Штип, Лозово, Карбинци, Пробиштип, Кратово со цел да се направат пречистителни станици. Во Министерството за финансии се предвидени средства за оваа намена со што ќе се надгради пречистителната станица во Штип која ќе ги задоволи потребите на општина Карбинци - го информираше Димовски премиерот Никола Груевски на неделната отворена владина седница. Тој појасни дека пречистителната станица којашто е во функција во Свети Николе ќе ги задоволи потребите на жителите и во општина Лозово.

Министерот за финансии, Зоран Ставревски дополни дека за финансиската конструкција веќе е разговарано со претставниците на локалната самоуправа и точно е прецизирано колку средства тие ќе обезбедат, а колку државата. Според него, главно се работи за кредитна линија на Светската банка наменета за поддршка на општините.

- Последните три до четири месеци целосно ќе ја дефинираме конструкцијата и ќе ги објавиме огласите - потврдува Ставрески и додава дека тоа ќе се реализира до крајот на 2011 година.

Втората фаза на Злетовица која е наменета за наводнување, би требало да се реализира за 3,5 години, а третата фаза која е за производство на електрична енергија треба да се заврши за 2,5 години.

- Се работи за инвестиција вредна околу 55 милиони евра, од кои за втората фаза износот е 36,5 милиони евра, а за третата е 19,4 милиони евра. Двете фази ќе бидат реализирани преку кредит на Европската инвестициона банка - потврди Димовски.

Тој појасни дека се работи за изградба на систем за наводнување на 4.500 хектари во општина Пробиштип, Кратово и околните општини. Според министерот, во енергетската фаза ќе се изградат три хидроцентрали кои ќе произведуваат 56,4 гигават-часови електрична енергија со чие производството на електрична енергија би се покривале трошоците и за наводнување и за водоснабдување.

Завршен тендерот за Оризарска Река

Тендерот за Оризарска Река е завршен, избран е поволниот понудувач, а во моментов се комплетираат податоците за насипната брана во делот на дополнителните инженерски, геолошко-геотехнички, геомеханички, истражни работи. Во Буџетот предвидени се средства за да може да се продолжи проектот, за во 2012 година реално да стартуваат градежните активности. Министерството за земјоделие, Љупчо Димовски до Владата поднесе акционен план за реализација на овој проект.

- Во 2011 ќе се подготват елаборати за експропријација, изработка на основни проекти со ревизија - вели Димовски.

Тој ја информираше Владата дека за проектот за браната Коњско, која е во реонот на Гевгелиско, наскоро ќе се објави тендер за редефинирање на документацијата која е изготвена во далечната 1979 година. Се работи за површина во регионот на Гевгелиско која ќе се спои со Јужновардарската долина, со што ќе се обезбеди квалитетна вода за пиење и во овој регион.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik